Шведскиот пратеник Магнус Јакобсон поднесе иницијативата за номинирање на владите на САД, Србија и Косово за Нобеловата награда за мир.
Како што изјави, тој бил мотивиран да го стори тоа со договорот од Вашингтон меѓу Белград и Приштина за нормализирање на економските односи, за кој смета дека го трасира патот за постигнување мировен договор меѓу двете страни.



Јакобсон на Твитер напиша дека денеска ја доставил номинацијата до Шведската академија на науките, која ги доделува Нобеловите награди.