Претседателот Стево Пендаровски ја доведе во заблуда вашата јавност со тврдењето дека имало онлајн-средба на Заедничката комисија во изминатите месец-два. Колегата професорот Драги Ѓоргиев само делумно го исправи пред медиумите, вели Членот на Заедничката комисија од бугарска страна, Наум Кајчев, во разговор за МКД.Мк . 



Кајчев вели дека немало никаква онлајн-средба на Заедничката комисија.

„Пред повеќе од три месеци, на 4 јуни, имаше видеоразговор на претседателите и на уште по двајца членови на Комисијата, значи по тројца колеги од двете страни, само за прецизирање на (записникот) од ноемвриската седница на Комисијата. Тоа не беше ниту средба ниту седница на Заедничката комисија“ вели Кајчев. 

Тој тврди дека пред речиси месец и половина, на крајот на јули, им пишале на колегите во Скопје, но тие „уште не одговориле“.