За попладнево е закажан нов протест против поскапувањето на струјата, најави на вчерашната прес-конференција, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Најавено е протестот да започне во 14 часот пред Регулаторната комисија а еден час со автомобили ќе биде блокирана крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.
Протестот ќе започне пред „Палома бјанка“, рече Јанушев.
И конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) од 18 часот најави протестен мото-синдикален граѓански марш што ќе тргне од „Чаирчанка“ и ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и Собранието.
Народот плаќа поскапа струја, за да може Заев да си ги плаќа финансиерите на СДСМ, преку милионски тендери, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Енергетските компании кои според Заев работата со намалена добивка и заради кои народот ќе треба да плаќа поскапа струја немат проблем да плаќаат милионски тендери за финансиерите на СДСМ. Во денови кога народот протестира за поскапената струја, Заев преку АД ЕЛЕМ му даде тендер од 6.4 милиони евра на Силјан Мицевски, кој јавно на суд призна дека го финансирал СДСМ. Лага е дека струјата поевтинила. Граѓаните нека ги споредат сметките од 2017-та и денес и ќе видат дека Заев драстично ја зголемил цената за да го покрие својот криминал. Целиот енергетски сектор буквално се користи за испумпување на парите на граѓаните во приватни џебови, на лица блиски до власта. Затоа е потребно народот повеќе да плаќа, за да има повеќе за блиските на власта. Струмичка агенција за обезбедување испумпала десетина милиони евра преку универзалниот снабдувач на електрична енергија, камиони со струмички регистарски таблички вртат во РЕК Битола, а фирмите на финансиерите на СДСМ добиваат милионски тендери за ископ на јаглен и јаловина“, соопштија од опозициската партија.





