Заев пресече: Во пензија на 64 години

Во синоќешното гостување на МТВ, премиерот Зоран Заев најави одлука за задолжително пензионирање за сите вработени на 64 години- мажи и 62 – жени. Со тоа ја отфрли досегашната можност лицата кои ги исполнија условите за пензија дополнително да работат уште 3 години.



„Дамите може да одберат да се пензионираат на 62 години, рече вечерва премиерот Зоран Заев во интервјуто на МТВ.

Сепак, тој ја остави можноста, доколку се работи за дефицитарни кадри и стручни профили, да можат работно да се ангажираат и по тој рок.

Заев ја најави можноста и за предвремено пензионирање со докуп на стаж:

„Втората важна компоненета во рамките на реформите на пензискиот систем е пред полнење на 64, односно на 62 години да може да се докупи стажот“, истакна Заев, додавајќи дека се отвора можноста граѓаните за тие пет години да ги платат придонесите за пензиско осигурување и може да заминат во пензија.