ДУИ веќе подготви список на кандидати за директори

Владината коалиција ДУИ-СДСМ-БЕСА ги подготви одлуките за директори на најбитните државни претпријатија.



Дознаваме дека ДУИ најбрзо ги предложиле своите кандидати за директори и тоа:
Бесим Кока за МЕПСО (поранешен директор на Здравствен дом Скопје, близок соработник на Изет Меџити).
Ејуп Рустеми за директор на Државни патишта, досегашен директор на МК Пошти, инаку близок сопартиец на Теута Арифи во ДУИ
Фатон Ахмети за МАЛМЕД, близок човек на претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Газменд Ајдини за АЕК (политички аналитичар близок до ДУИ)
Бајрам Реџепи – МЕР ,  со гасоводот  „Македонски енергетски ресурси„ државна фирма одговорна за изградбата на гасоводот во Македонија .
Она што сеуште не е одлучено е дали Арафат Муареми (од СДСМ) ќе остане директор на Финансиската полиција, бидејќи за тоа место е заинтересирана и Славјанка Петровска, доскорешен технички заменик министер во МВР, и кадар од доверба на Оливер Спасовски.

Исто така, интерес за оваа битна институција најави и ДПА, уште на првата средба на Мендух Тачи и Зоран Заев после изборите.
Се очекува во следниве денови премиерот Заев да ги одобри предложените кандидати на ДУИ за директори, а за тоа кој ќе ја води управата за Финансиско разузнавање дополнително ќе се преговара внатре во СДСМ.

За позициите кои исто така се битни, но не се на ниво на владини државни претпријатија интересна е комбинацијата за нов генерален секретар на Собранието, каде крилото на Шеќеринска на местото на досегашната Цветанка Иванова, го предлага Јани Макрадули, доскорешен заменик министер за животна средина.