Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека ги информирала Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, како и дел од меѓународните дипломатските претставници во земјава во врска со последните случувања во земјава поврзани со одлуката за поскапување на струјата од 21 јули



По донесувањето на одлуката повремено се одржуваат протести во организација на собири на здруженија и граѓани, кои за РКЕ се легитимни, но протестот организиран од страна на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ која бара укинување на одлуката е директен притисок врз нашата работа, посочуваат од РКЕ од каде велат дека нема да потклекнат, пренесува Фокус.