Артан Груби тргна по стапките на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на канадскиот премиер Џастин Трудо и на германскиот министер за Европа, Михаел Рот, чиј заштитен знак се бојата и/или дизајнот на чорапите.
Првиот „прв заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите“ на средбата со американската амбасадорка Кејт Брнз го привлече вниманието со темноцрвените („бордо“) чорапи (со светли точки) „во тон“ со вратоврската.
Од ликот на амбасадорката не може да се заклучи дали и колку е импресионирана од стајлингот на соговорникот, но насмевката на Груби не само што оддава задоволство, туку можеби е и во функција да го разоружа и најстрогиот (моден) критичар.






