Здравствената состојба на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални дополнително се подобри, пренесува германскиот магазин „Шпигел“.
Според весникот, Навални може да зборува повторно и дека веројатно може да се сети на деталите за тоа како му се слошило, пренесува „Ројтерс“.
„Неговите изјави може да бидат опасни за луѓето кои стојат зад нападот“, предупредува германскиот магазин.
Германија тврди дека тој бил отруен од нервен агенс „новичок“ и дека целта е негово убиство, додека Русија наведува дека нема докази дека Навални бил отруен.






