Хронично болните имаат рок до 23-ти септември да посетат специјалист и да добијат потврда дека поради нивната дијагноза и состојба не можат да се вратат на работа, а поради тоа ќе бидат пуштени и дополнителни термини на „Мој Термин“.



Ова е договорено на денешната средба на министерот за здравство Венко Филипче со здруженијата на пациенти „Борка“, „Живот со предизвици“, „Национално здружение за МС“, „Здружение за ХМЛ“, „Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, Нефрон, Хепар центар“, „Пеперутка“ и „Алијанса на пациентски Организации“ – АПО.

На средбата било договорено да се пролонгира рокот за враќање на работа на хронично болните.

Готови се и измените на правилникот за боледувања во ФЗОМ, со кој специјалистот на неопределено ќе издава боледување. Надлежните велат доколку хронично болните не добијат потврда до 23 септември, ќе има ново пролонгирање.

Од здруженијата на пациенти се задоволни од  средбата.