Во Кисела Вода се подготвува “Монструм” ДУП

Во скопската општина Кисела Вода е предложен нов Детален урбанистички план (ДУП) со кој ионака пренаселената и пренатрупана општина ќе добие фантастични нови 25 илјади жители.



Ова го открива екс новинарот Дарко Чекеровски според кого “Изгледа нема иднина во Кисела Вода”.

“Повторно се предлага ДУП, можеби уште полош од претходниот! Зградурини по 50 метри висина, без воздух, уште 25.000 жители на Расадник кој можеше да биде Централ Парк да бевме цивилизирани. Нема сервисни улици, избришано зеленило, скратени патеки. Школо и градинка под 100кв далновод. Европска Македонија! Да се сети Министерството за образование”, пишува Чекеровски кој открива дека повторно јавната расправа е објавена само на сајт на општина а приговори можат да се поднесуваат до петок 11.09.2020г.

“Наместо да се информирани жителите кои ги засега овој план со известување директно по влезовите ако треба.

Според ГУП во Ј14 е предвидено 8000 жители, Според предлог ДУП кој е сега даден 24000 жители.

Блок 1 и Блок 10 се пренатрупани со згради, нема Д3 Спорт и рекреација, нема минимум простор зеленило, нема паркинг простор за постоечките згради, а камоли за новопредвидените според ДУП-от”, пишува Чекеровски според кого предлог планот – предвидува маркица за изградба на нова зграда преку целата постоечка парцела од постоечката градинка.