Во пожарот што денеска изутрина ја зафати зградата на поранешна Комерцијална банка најмногу штета претрпе Државниот инспекторат за животна средина. Пожарот ги проголтал архивата на Инспекторатот и дел од канцелариите.



Дополнително, при гасење на пожарот од водата се уништени и дел од компјутерите и инвентарот во канцелариите на инспекторите, вели за „360 степени“ директорот на Инспекторатот, Фејзула Спахија.

Директорот Спахија не верува дека пожарот е подметнат.

Во надлежност на Инспекторатот, меѓу другото, е контролата на уредувањето на речните корита, хидроцентралите, индустриските капацитети, увозот на отпад – области за кои континуирано има жестоки реакции во јавноста.