Годинашниов „Макфест“ на отворено на плоштадот во Штип

Фестивалот „Макфест“ годинава ќе се одржи на 18 и 19 септември (петок и сабота) на градскиот плоштад во Штип, под отворено небо.



„Годинава фестивалот ќе се реализира во услови на светска пандемија и на заштитните мерки и протоколи согласно препораките, а тоа е најголемиот предизвик. И во минатото имало бројни предизвици, но биле успешно совладани, така што не се сомневам дека и оваа година ќе имаме успешен фестивал“, изјави рече заменик градоначалникот на Штип Јане Миланов.

Ќе има ревијална вечер на која ќе настапат осум музички имиња, дел победници, а дел познати имиња од годините наназад, додека втората вечер ќе биде натпреварувачка и на неа ќе настапат 24 изведувачи.

Наградите остануваат исти како и претходните години, 5.000 евра за прво место, 3.000 евра за второ и 1.000 евра за трето место. Ќе се доделат и наградите за најдобар аранжман, за најдобар сценски настап и за дебитант во висина од 500 евра, а нема да се додели наградата за најдобра интерпретација бидејќи фестивалот ќе биде на плејбек.

повеќе