Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека по дојавата за пожар во зградата на стара Комерцијална банка пристигнале во 7.55 минути а пожарот за кој биле ангажирале 24 пожарникари со девет противпожарни возила, е локализиран во 8.50 часот.
„Станува збор за сложена интервенција затоа што пожарот е во Инспекторатот за животна средина. Се работи за простории во поранешна Комерцијална банка, преградени со гипс картони и стаклени врати. Внатре не работи ниту еден хидрант. Тоа ни претставуваше проблем“, изјави Симоновски. Точно не знаевме како да влеземе се додека не пристигнаа од Медиумската информативна агенција кои ни дадоа шема како да влеземе, изјави Симоновски.
Причина за пожарот, според првичните проценки на Симоновски, е електрична инсталација,зошто во овој период не може да стане збор за грејни тела.






