Канцелариите на Министерството за животна средина, лоцирани во зградата на поранешна Комерцијална банка се целосно изгорени во пожарот кој започна рано изутринава.



Најкритичен е првиот кат каде што се наоѓа и Државниот инспекторат за животна средина, чии канцеларии исто така се зафатени од пожарот.

Огнената стихија во зградата во којашто е сместен и Секретаријатот за европски прашања почнува да се шири и кон вториот кат.

Од Секретаријатот информираат дека нивните канцеларии, лоцирани на 4 и 5 кат, не се зафатени од огнот.

Евакуирана е целата зграда, а противпожарни екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот, кој се проширил и на вториот кат, каде се наоѓаат и канцелариите на МИА, и зафатил дел од нив.

Од Инспекторатот за животна средина, каде првично избувнал пожарот, за МИА изјавиле дека работното време почнува во 08:30 часот и дека вработените се уште не биле простигнати на работа.