Финалните клинички испитувања за вакцина против коронавирус, која заеднички ја развиваат британско-шведската фармацевтска компанија AstraZeneca и Универзитетот Оксфорд, се ставени во мирување откако кај еден волонтер се појавила несакана реакција..

Се работи за „рутинска“ пауза поради „необјаснетата болест“, објаснуваат од AstraZeneca јави Би-би-си.

Бртанската вакцина се смета за силен кандидат меѓу десетици кои се развиваат на глобално ниво.

Големи се надежите дека вакцината може да биде една од првите што ќе се појави на пазарот, по успешното тестирање во првата и втората фаза.



Во сегашната, трета фаза, од тестирањето вклучува околу 30 000 испитаници-волонтери вод САД, како и во Велика Британија, Бразил и Јужна Африка.

„Stat news“ здравствена веб-страница, која прва ја објави сторијата, јавува дека деталите за несаканата реакција која се појавила кај учесникот од Велика Британија не се веднаш познати, но цитира извор дека се очекува тој да се опорави.