Вечерва протест против зголемената цена на струјата

Граѓански протест против зголемувањето на цената на струјата, на кој повика ВМРО-ДПМНЕ треба да се одржи вечерва со почеток во 18 часот.



„Отпорот станува наша должност и ова е време кога треба да се биде гласен. Протестот ќе започне во 18 часот пред Министерството за правда и ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и ќе бараме да се врати цената на струјата по старо“, најави Христијан Мицкоски.

Тој ги повика опозициските партии и невладините организации и поединци на формирање опозициски фронт против власта.

„Можеби имаме различни гледишта и концепти, но нѐ обединува сиромаштијата. Со активен отпор на улица и да протестираме за секоја тема што ги мачи граѓаните. Не смееме да дозволиме богата влада, богати мафијаши, а сиромашен народ“, рече Мицкоски во понеделникот кога го најави протестот.