Бугарските институции учествуваат во размена на информации за случајот со Алексеј Навални, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува бугарската агенција БГНЕС.



Германскиот амбасадор во Русија Геза Андреас фон Геир бил повикан во Министерството за надворешни работи на разговори за ситуацијата околу Алексеј Навални, изјави портпаролката Марија Захарова.

Таа најави дека руската страна очекува Берлин да ги обезбеди сите податоци со кои располага германското Министерство за надворешни работи, резултатите од лабораториските тестови на Бундесверот, како и сите „сведоштва“.

Захарова го сврте вниманието кон публикациите во медиумите за „размената на информации за случајот Навални меѓу германската клиника Шарие, лабораторијата Бундусвер, британската лабораторија Портон Даун и бугарските институции“, пренесе БГНЕС.

Според Захарова, ова прашање (случајот Навални) е премногу сериозно за да им се дозволи на германските власти да чуваат сè за себе.

„Време е да се отворат картите, бидејќи на сите им е јасно дека Берлин блефира и се служи со валкани политички игри“, изјавила Захарова.