Лекарот Арбен Зибери е пратеникот на ДУИ кој е позитивен на Ковид19 а вчера во тешка состојба, бил xoспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, јавува инфомакс.мк.
Зибери ја разбранува јавноста пред неколку дена кога, и покрај тоа што не се чувствуваше добро, се појави во Собранието за гласањето на новата Влада.
За него беше обезбедена посебна просторија, само за чинот на гласањето. Според објаснувањето од Собранието, Зибери воопшто не бил во салата на седницата на којашто се дискутираше за избор на новата влада.
Иако се појави информација дека бил позитивен на коронавирусот, сепак, од Собранието демантираа велејќи дека тој ниту бил тестиран, туку само не се чувствувал добро.
Предходно Зибери кој му е внук на кандидатот за премиер на ДУИ беше дел од групата скопски пратеници на Интегративците кои одбиваа да гласаат за новата влада поради незадоволството од позициите на Бујар Османи и Артан Груби во владата.






