Белоруската државна телевизија утрово објави дека лидерката на протестите против претседателот Лукашенко, Марија Колесникова утрово била приведена во обид да ја помине границата и да стигне до Украина.



Нејзините двајца соработници Иван Кравчов и Антон Роденков, члернови на белорускиот опозициски Комитет, успеале да ја напуштат земјата.

Државната телевизија утрово ги демантираше обвинувањата на опозициското движење дека маскирани напаѓачи вчера ја киднапирале Колесникова во центарот на Минск.

Таа сепак била приведена утрово кога се обидела да ја премине границата со автомобил, пренесува Би-би-си.

Колесникова играше важна улога за време на масовните демонстрации во последните три недели, откако актуелниот претседател Александар Лукашенко освои нов мандат.