По пратеникот Исмаил Јахоски кој ја напушти пратеничката група на ДУИ и стана независен пратеник партијата на Ахмети привремено останува без уште еден пратеник кој е сместен во болница поради Ковид19.
Болнички извори тврдат дека од вчера висок функционер на ДУИ односно пратеник во Собранието на Македонија лежи на инфективната клиника во Скопје откако бил дијагностициран од
Ковид19.
Пратеникот чие име засега не се објавува бил донесен во стабилна состојба со симптоми на Ковид19.
ДУИ засега не ги потврдува ниту ги демантира болничките извори.
Без еден пратеник на ДУИ владејачкото мнозинство во Собранието додека трае лекувањето на заболениот пратеник ќе има минимални 61 гласови за носење на законски проекти.





