Мицкоски најави протести и повика на „опозициски фронт“ против мафијата на власт (ВИДЕО)

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за среда од 18 часот најави протести на кои ќе се бара намалување на цената на струјата.



Мицкоски смета дека државата има пари но дека тие се трошат за поткуп на гласачи а трошокот треба да го поднесат корисниците на електрична енергија кои од овој месец треба да плаќаат поскап киловатчас.

На протестот Мицкоски ги повика и сите други опозициски партии со цел да се урне „мафијата на власт“. Тој признава дека со некои од нив имаат различни ставови за одредени политички цели и концепти но смета дека сите граѓани и организации како и партии треба да бидат дел од општественото обединување против мафијашката група на власт.

Запрашан како ќе се однесува опозицијата на протестите Мицкоски рече дека тие се планирани да бидат мирни но дека сепак однесувањето ќе зависи од тоа како ќе се однесува „мафијашката власт“.

Мицкоски се надева дека протестите нема да завршат со Бугарско туку со Македонско сценарио во кое оваа „мафијашка власт“ ќе биде поразена.

Видео од прес конференцијата на Мицкоски