Во скопските училишта настава во живо само од прво до трето одделение

Училишта со мал број на класови и ученици може да побараат дозвола да вршат настава во живо и за одделенијата над трето.



Но, ако, на пример училиште во Скопје аплицира за таква дозвола, ние нема да го дозволиме тоа, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во неделното интервју на РСЕ.

Филипче вели дека препораката за училиштата беше да почнат со онлајн настава, со неколку исклучоци – децата од прво до трето да бидат физички присутни во училиштата.

Зошто? Заради тоа што во празни училишта има повеќе простор тие да се распределат, да се намалат контактите меѓу нив, да почнат со часовите во различно време, да не се сретнуваат на влез, во ходниците, на излез на крај на часовите“.