Од законот за носење маска на лицето во Португалија заради заштита од коронавирусот не е поштедена ниту португалската спортска икона и еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо.
Напаѓачот на Јувентус во тоа лично се увери на натпреварот со Хрватска од Лигата на нациите во Порто, кој поради повреда го проследи од трибините, каде што му беше и укажано за маската.
Роналдо послуша, а европскиот првак и без него го декласира светскиот вицешампион со 4:1.






