Запрашан за техничката подготвеност на училиштата за почетокот на школската година во Скопје, градоначалникот Петре шилегов наместо четврток 1 октомври го спомена понеделник 5 октомври.
„Ајде да започнеме еднаш на 5 октомври, бидејќи станува збор збор за динамична категорија ќе носиме потези кои пред се имаат за цел да дадат квалитетно образование на дечињата, но од друга страна и да го заштитиме здравјето на граѓаните, изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, пренесе Сител.
Тој рече дека периодот правеле анкети колку ученици се од социјално загрозени семејства и немаат интернет и компјутери за следење на наставата по што ќе одлучат дали и како институционално ќе ги помогнат.






