Договорот за економска нормализација потпишан во Белата куќа не е прифатлив за Движењето Самоопределување, кое побара Собранието да се спротивстави за негова имплементација.
Членовите на партијата на Албин Курти сметаат дека овој договор ѝ го отвора патот на Србија во Вашингтон, поренесува Алсат М.
„На овој договор мора да му се спротивстави Собранието на Косово, во спротивно ќе доведе до други, дури и поопасни пропусти. Договорот ја приближува Србија до Косово, додека признавањето од Србија не се приближува“, соопшти Самоопределување.
Политичкиот аналитичар Фатон Мехмети договорот го оценува како штетен за Косово наведувајќи дека поделбата на акумулацијата Газивода/Ујм е во прилог на Србија, а влезот на Косово во мини Шенген значи дека за Србија се отвора можноста да ја користи косовската патна инфраструктура и преку неа си обезбедува излез на море.






