Во синоќешното „Само интервју“ на ТВ Канал 5, претседателот Стево Пендаровски, изјави дека не очекува Бугарија да го блокира почетокот на пристапните преговори на Македонија со Европската унија.
„Секоја земја дава свои предлози, но ќе мора да се види кои од нив ќе влезат во рамката за преговори како позиција на Бугарија.
Нашите аргументи за важните национални позиции се јасни, рече Пендаровски и изрази надеж дека никој во Европа нема да прифати нови формулации за македонскиот јазик или дека македонската нација е резултат на етнички инженеринг.
Мислам дека ова нема да биде прифатено од никого во Европа“, рече Пендаровски.
Шефот на државата исто така рече дека би сакал да верува во очекувањата на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров дека за шест години Македонија ќе ги заврши преговорите со ЕУ, а сегашната влада ќе затвори 80 проценти од поглавјата, но исто така предупреди на проблеми се очекуваат на патот.
Тој рече дека ЕУ се повеќе се затвора и како пример ги наведе Хрватска која преговараше седум години, Црна Гора која преговара девет години и Србија – седум години, а крајот на преговарачкиот циклус не е ни на повидок.
Пендаровски и повика на национален консензус и обединување на целиот интелект на земјата за успешни преговори со ЕУ.





