Аналитичарот и публицист Ким Мехмети вели дека со влада предводена од Авдулах Хоти, Косово не може да постигне ништо повеќе од тоа што го постигна во Вашингтон.
Мехмети на Фејсбук напиша дека „со државници кои ги имаат Албанците, дури и на САД не им е лесно да помогнат“.
Тој смета дека членството на Косово во „балканскиот мини шенген“ е нова балканска федерација, чиј главен град е Белград.
Иронично напиша дека Косово станало важен фактор во стабилноста на Блискиот исток, мислејќи на дипломатските односи со Израел.





