Ван ден Берг: Беше доволно безбедно народот да гласа, но не и пратениците да се состанат?!

Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, се чуди за најавата од власта во Македонија за онлајн седници на Собранието заради заштита на пратениците од Ковид-19.



„Премиерот Заев се сретна со амбасадорите на САД/Германија/Велика Британија/Руска Федерација, сепак го игнорира народот и сака да го деградира неговиот форум (Парламентот) со нетранспарентен настан преку Интернет. Беше доволно безбедно народот да гласа, но не и пратениците да се состанат?!“, прашува Ван ден Берг.