Во гостувањето на вестите на телевизија Сител, првиот вицепоремиер Артан Груби рече дека Уривањето на дивоградбата пред Мавровка беше предизборно барање на ДУИ, а следно за уривање е терасата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Запрашан дали ќе има постапка и за платформите на Матка и во Охрид за дивоградбите на членот на ДУИ Нефи Усеини, Груби изјави дека прва дивоградба за рушење би била терасата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и дека би требало да се тргне по тој редослед.
„Апсолутно секако, мора да се почитува законот и ќе видите апсолутен фокус на неселективна правда, ако има незаконско изградено седиште на партија, ако има дивоградба во Тетово, Гостивар, Струга ќе има постапка. Но, многу е важно да не постапува партијата туку тоа да го прават институциите. Си има суд, Обвинителство, Градежен инспекторат“, рече вицепремиерот задолжен за политички систем и односи меѓу заедниците.





