Невработеноста во земјата се искачи на 16,7 проценти во второто тримесечје, покажуваат податоците од последниот извештај на Државниот завод за статистика, објави ТВ24.
Според Агенцијата за вработување во јуни бројот на невработени се зголемил за 27.639 лица во однос на февруари, односно пред појавата на крона вирусот. И бројката на невработени изнесува 133. 455 лица.
Од Агенцијата објаснуваат дека од 11март до 31 авгус 12. 580 лица прекинале да работат. 45% од нив им истекол договорот на определено, 23% спогодбено си заминале од работа, а останатите добиле отказ или фирмата отишла во стечај.
Од Бизнис конфедерацијата велат дека државата можела повеќе да направи за да ги зачува работните места.




