Актерот Сашо Тасевски се потсмева за новововедената функција прв заменик претседател на Владата, која ја извршува Артан Груби, наспроти премиерот Зоран Заев.
„Видовте. Одма е подруго со двајца премиери. Само не разбрав, сега овој едниот кога е на пат, другиот ќе биде премиер, така? А што ако тој едниот влезе во тоалет и овој другиов го заклучи внатре на подолго? Тој другиот ќе си биде премиер цело време, така?“, прашува Тасевски.





