Во својата анализа за состојбите во владеачката СДСМ порталот Нетпрес објавува низа информации кои зборуваат за состојбата во партијата во пресрет на усвојувањето на новиот статус и одржување на новиот конгрес.
Порталот пишува за најмалку 5 крила кои водат битка за превласт во партијата.
“Затоа што на површина испливаа две крила во СДСМ кои носат и раскол во партијата, осбоено сега кога е испразнета државната каса со која се хранеше електоратот за минимална победа и коалицирање со кисела насмевка. Пари тешко се наоѓаат, а тоа е поради лошото менаџирање на државата со кризата и задоценто и наменско искористување на скапите кредити, за кои имаше совети и од коалициските патрнери да дејствува побрзо, за да бидат поевтини и покорисни за стопанството и државата.
Ништо не е ново дека постои скопско и струмичко крило, кои ги предводат Радмила Шекеринска и Заев. Токму Шекеринска беше клучната личност Заев да дојде на чело на СДСМ и да се одржи на власт во партијата. Не е тајна дека поголем дел од кадровските решенија се по нејзин предлог. Радмила за сојузник го има градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, а струмичкото крило предводено од Заев е поддржано од Зоран Китанов, член на ЦО и директор на ЈП „Државни патишта”. Човек кој имаше многу недоследности и конфузни изјави и решенија за значајните патни решенија во нашата држава, посебно со автопатот Штип-Скопје (Миладиновци). Поради таквите пропусти којбило друг дебело ќе платеше.
Деновиве наголемо се зборува дека судирот екскалирал дотаму што на локалните избори идната година наместо Шилегов да се бори за втор мандат шанса ќе биде дадена на актуелниот прв човек на Општина Центар, Саша Богдановиќ. Ова е голем удар за криолото на Шекеринска и Шилегов кое преку градската организација на СДСМ жестоко протестирале против оваа идеја. Скопското крило смета дека ова е деспотски начин на водење на партијаата и губењето на градскиот идентитет на СДСМ кој од секогаш постоел.
Се’ почесто се говори и за вантрепартиски местенки, а како таква жртва се нагласува фаќањето на директорот на Шилегов, односно на ЈП Улици и патишта, Сенко Смаиловиќ со пакетче кокаин.
Во ваквите пресметки се напаѓаат луѓе и се менуваат кланови. Па, во кулоарите блиски до оваа партија се говори дека во местенката активно учествувал и еден друг директор на јавно претпријатие од градот Скопје, кој се прешалтал на страната на струмичкото крило. Сето ова било направено за да му се покаже на Шилегов кој е газда во партијата. Впрочем, тоа се виде и во случајот со Дрисла, будејќи колачот со превозот, каде што се вистинските пари, завршил кај струмичка компанија блиска до поранешниот шеф на разузнавање, а сега близок до струмичкиот клан.
Сепак, според извори во СДСМ, најголемиот удар за крилото на Шилегов се се’ погласните муабети дека на претстојните локални избори како кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје ќе биде Саша Богдановиќ.
Како трето помало, но и не помалку важно крило е она на Оливер Спасовски. Кое, впрочем, се етаблираше преку министерот за вантрешни работи и неговата моќна позиција, а особено додека беше прв човек на техничката влада.
Од друга страна, од Куманово се наметнува уште едно крило, она на градоначалникот Максим Димитриевски, кој буквално беше десеткуван од извршната власт за време на коронакризата само затоа што покажуваше човечки вредности кои го исфрлаа како непоколеблив борец и иден лидер. Од тие причини Заев и Филипче удрија со сите сили против него.
Уште поинтерсен ќе биде односот на штипското крило кое сега со министер за транспорт и врски во ликот на Благој Бочварски располага со прилично моќна позиција, но и односот на постариот Бочварски, коректор на сите одлуки на синот. Но, лично Бочварски разобличи лаги на Заев и Горан Сугаревски за автопатот Кичево-Охрид”, пишува Нетпрес.
Линк до целиот текст




