Бил Николов: Колку и да се обидува Грција да нè искорени, никогаш нема да успее

Македонскиот активист од Канада, Бил Николов, со порака дека Грција никогаш нема да може да ги искорени Македонците (од Егејска Македонија), колку и да се обидува.



„Кога ја посетив Егејска Македонија со татко ми (многу ми недостигаш Те), отидовме во Оштима и нè поздравиј на македонски. Отидовме во Емборе – исто. Желево (татковината!) – слушнавме само македонски. Колку и да се обидува Грција да нè искорени, никогаш нема да успее“, порача претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Торонто.