Вучиќ одбил признавање на Косово на разговорите во САД

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ја одбил точката за меѓусебно признавање со Косово од документот насловен „Економска нормализација“ на разговорите во Вашингтон, додавајќи дека такво нешто нема да се повторува во другите документи.



„Тоа јасно им го реков на американските и на албанските соговорници. Гласно, јасно, појасно да не може да биде“, изјави тој.

Признавањето била една од 15-16 точки на документот.