Граѓаните чии пари беа блокирани со затворањето на „Еуростандард банка“ се уште чекаат исплата. Се чека пречистениот список кој беше на проверка и кај стечајниот управник Душко Тодевски, јавува „Телма“.



Заглавени се пари на над 100.000 сметки на граѓани, од кои најголем дел беа на пензионери, социјалци како и вработени кои земале плата преку банката.

Треба да се исплатат вкупно 72 милиони евра на над 136.000 граѓани на кои им се блокирани парите од примањата од минатиот месец и на тие кои  имале заштеди до 30.000 евра.

Стечајниот управник Тодевски денеска е недостапен да одговори каде закочи работата.

Од  Фондот за осигурување на депозити велат го чекаат списокот.