Три девојчиња на возраст од еднаипол, две и три години, и две момчиња на шест и осумгодишна возраст се пронајдени мртви во семејниот стан во градот Золинген на западот на Германија.
Нивната мајка е пронајдена тешко повредена на шините на главната железничка станица во Диселдорф откако се обидела да се самоубие фрлајќи се под воз.
Нападот го преживеал само 11-годишниот син кој е сместен кај роднини на семејството.
Полицијата засега не соопштува никакви детали за причината за смртта на децата.
Околу мотивот на мајката, полицијата очекува да дознае повеќе откако ќе биде во можност да ја испита.
Засега таа е осомничена за грозоморното убиство. (Дојче веле)






