Добил ли Вучиќ „понуда што не може да се одбие“ во Вашингтон!?

На почетокот на најновите преговори Белград – Приштина, кои се одвиваат во Белата Куќа со посредство на ЕУ, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му беше врачен документ од 16 точки според кој Србија треба да го признае Косово.
Министерот за финансии, Синиша Мали, изјави дека на состанокот во Белата куќа на маса бикл ставен документ, кој во една точка подразбира заемно признавање на Србија и Косово и дека има огромен притисок врз претседателот Вучиќ, пренесе Б92.



Според дописникот на ТВ Прва, кој е во Вашингтон, атмосферата на состаноците во Белата куќа е многу напната.

Во 21 часот е најавено обраќање на Вучиќ кога ќе треба да и соопшти на јавноста што точно му било понудено на продолжението од разговорите со Косово во Белата Куќа.