Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ од редовите на СДСМ денеска заедно со рускиот амбасадор во Македонија учествуваше на комеморација во чест на 75 години од формалниот крај на втората светска војна.
Во пораката објавена на Фејсбук тој се заблагодарува на ослободителите на Македонија и бара секојдневно да им искажуваме благодарност а притоа никаде не ги споменува партизанските вооружени сили кои ја ослободиле Македонија.
“На денешен ден, се одбележуваат точно 75 години од капитулацијата на Јапонија и со тоа, официјално се означува крајот на еден од најужасните конфликти кој светот го има видено – Втората светска војна.
Затоа, со Амбасадорот на Руската Федерација во РСМ, Н.Е. Сергеј Баздникин, во знак на почит и сеќавање, положивме свежо цвеќе пред споменикот на Денот на победата над фашизмот.
Нека и овој симболичен чин денес биде еден потсетник и паметник на сето она што е направено за враќање на светскиот мир.
Заедно да продолжиме по патот на единството и напредокот. Со гордост да се сеќаваме на нашите ослободители и секојдневно да им бидеме благодарни за сите извојувани битки, затоа што слободата не ни е дадена на подарок – за слободата треба да се избориме.
Вечна слава на хероите!”, напиша Богдановиќ.
Завршните операции за ослободување на Вардарска Македонија започнале кон крајот на летото 1944 година и во нив не учествувала Црвената Армија која учествувала во ослободувањето на Србија.
Предводени од Народноослободителната војска на Македонија, како составен дел од НОВ на Југославија. Народноослободителната војска на Македонија во завршните операции за ослободувањето на Македонија ја сочинувале три корпуси (15., 16. и Брегалничко-струмичкиот), во чиј состав влегуваа 7 дивизии со 22 ударни бригади, 4 артилериски бригади, 3 пионерски и една коњичка бригада.[1]
Операциите за конечно ослободување на македонската територија се засилиле по капитулацијата на Бугарија во септември, кога народноослободителната борба добила општонароден карактер. И покрај замената на бугарските војски со германски, единиците на македонската војска во периодот од септември до ноември ги ослободиле сите градови во Вардарска Македонија.
Во втората светска војна на територија на Македонија загинале над 24 илјади луѓе од кои поголем дел биле борци на партизанското движење.
За разлика од Богдановиќ, рускиот амбасадор во Скопје Баздникин во својата порака ги споменува и македонските антифашисти.
75 лет назад завершилась Вторая мировая война. Сегодня в #Скопье отдаём дань памяти советским и македонским антифашистам, всем бойцам антигитлеровской коалиции героически поборовшим нацизм и отстоявшим мир для будущих поколений. #МыПомним #НиктоНеЗабыт pic.twitter.com/52EY1e96FE
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) September 3, 2020
https://www.facebook.com/403909763287397/posts/1247418868936478/





