И експремиер на Косово повикан во Хаг

Агим Чеку, поранешен командант на Генералштабот на ОВК и поранешен премиер и министер за одбрана на Косово, е поканет во Хаг.



За порталот „Коха.нет“, Чеку изјавил дека вчера бил повикан како осомничен.

„Вчера добив повик како осомничен. Патувам на 28 септември”, кусо изјавил тој.

Здружението на ветерани на поранешна ОВК, досега околу 250 нивни членови се повикани пред Специјалниот суд како осомничени или сведоци.