Ново убиство на афроамериканец од страна на полицијата предизвика нов бран протести откако синоќа во Вашингтон беше убиен Дион Кеј (18).
Полицијата објасни дека тој „се заканувал со огнено оружје“.
Овој последен случај на полициско убиство на Афроамериканец предизвика протести низ САД.
Според АП, голем број огорчени граѓани се собрале синоќа пред полициската станица во југоисточен Вашингтон, а малку подоцна демонстрантите се судриле со припадниците на безбедносните сили.
Во проширениот полициски извештај се наведува дека 18-годишниот се обидел да побегне кога му пришла полицијата, која истражувала извештај за вооружен млад човек виден во една населба во југоисточен Вашингтон.






