Од јануари до јули 2020 година, индустријата регистрирала опаѓање на бројот на вработени за 4,6 отсто во споредба со лани, а најголема причина за ова е падот на индустриското производство од 13,8 отсто во првите седум месеци од годинава, пишува порталот Иновативност.
Податоците за јули 2020 година покажуваат забавување на падот на индустриското производство. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2020 година изнесувал 90,5, или за 9,5 отсто помалку во однос на јули 2019 година,
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање од 36,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,6 отсто.





