Австрискиот канцелар Себастијан Курц вели дека била грешка одлуката на германската канцеларка Ангела Меркел да ги отвори границите за бегалците пред пет години.



„Од почеток, јас бев против политиката на отворени граници. Политиката на отворени граници не само што придонесе за фактот поголем број луѓе да тргнат во правец на Европа, туку и доведоа до огромно преоптоварување во многу делови на Централна Европа”, рече Курц.

Во интервју за агенцијата ДПА, тој рече дека поради политиката на отворени граници, шверцерите со луѓе „заработиле огромни суми“ и дека во исто време „безброј“ луѓе ги загубиле своите животи обидувајќи се да го преминат Медитеранот.

„Овие не се вистински бегалци, туку мигранти од економски причини“, заклучи Курц, додавајќи дека на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не смее да им се дозволи да ги користи бегалците за уцена на Европа.