„Голем процент од поранешниот пратенички систав ќе има од мене лично понуда да се вгради во јавните институции. Не зборувам за директорски места, туку зборувам за позиции кои што ќе значат искористување на нивното драгоцено искуство и капацитет“ иузјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за пратеничките апанажи.
Заев вели дека во следните месеци ќе бидат донесени такви одлуки, така што 50 до 60 отсто од апанажите на кои пратениците имаат право по завршувањето на мандатот, веднаш ќе опаднат.






