Илјадници демонстранти во Софија излегоа за денешното „Националното востание“ а протестот започна рано наутро и продолжува, јави репортерот на БГНЕС.
Граѓаните скандираат „Оставка“ .
Полициски кордон го опколи „триаголникот на моќта“ помеѓу Владата, Претседателството и поранешниот Дом на партијата.
Демонстрантите туркаа полициски автомобили во обид да стигнат до зградата на Националното собрание.
Граѓаните фрлаа со јаболка и јајца кон полицијата и се обидоа да го пробијат полицискиот кордон.





