Браќата Усеини остануваат во притвор – до утре

Нефи Усеини и неговиот брат Ибро, сепак остануваат во притвор откако битолска Апелација го поништила решението на охридскиот суд за прифаќање на парична гаранција за да пуштат пуштени.



Тие понудија по 10 односно по 15 илјади евра или вкупно 30.000 евра за да бидат ослободени што Охридскиот суд ги прифати.

Решението со кое беше прифатена гаранцијата е укинато, а предметот е вратен на одлучување во Охрид, информираат од битолскиот Апелациски суд каде обвинителството се жалеше откако судот во Охрид ја прифати гаранцијата.

Притворот од осум дена на браќата Усеини истекува утре. Тие шест дена беа недостапни за полицијата, а на 26 август самите се пријавија.