Само Шилегов годинава не бил „каснат“ од комарец


Запрашан дали тој има роблем со комарци, со оглед на тоа што скопјани постојано негодуваат дека добиваат убоди од комарците, градоначалникот Петре Шилегов вели:



„Годинава не. Јас живеам во Тафталиџе немам слушнато дека имаме проблем, барем во соседството во коешто јас живеам“, одговори Шилегов.

Шилегов вели дека состојбата со комарците веќе е ублажена и очекува в петок кога ќе заврши прскањето против возрасните комарци да заврши и маката на скопјани, пренесе Алсат М.