Нови апсења на македонски граѓани во Грција

Двајца македонски граѓани се уапсени во грчкото одморалиште Лефкада отккао полицијата утврдила дека извршиле тешка кражба во понеделникот.



Осомничените на возраст од 21 и 22 години од апартман на романски туристи украле 600 евра, 400 романски леи и два рачни часовници.

Двајцата македонски граѓани по процедурата пред јавното обвинителство на Лефкада и грчките судови најверојатно ќе добијат забрана за влез во земјата во наредниве 5 години.

Во последниве 30 дена тројца македонски државјани се уапсени во Грција додека се обидувале да прошверцуваат граѓани од Сирија, Пакистан и Авганистан кон Македонија и Бугарија.