Поради коронавирусот, Собранието се подготвува да работи од далечина, потврди спикерот Талат Џафери на средбата со британската амбасадорка во Македонија, Рејчел Галовеј.



Претходно беше најавено дека се подготвува платформа која ќе овозможи пратениците да работат и да гласаат онлајн.

„Соочени со предизвиците од пандемијата со Ковид-19, сите заедно ќе треба консензуално да изградат деловничка основа за можност за работа на Собранието од далечина, особено за гласање од далечина, бидејќи неизвесноста со пандемијата во претстојниот есенски и зимски период е голема и ќе изискува ставање во располагање на сите капацитети за справување со овие ризици, како и донесување на времени правила за работа на Собранието во вонредна состојба“, соопшти Собранието.