Османи: Ахмети оди во Хаг како сведок

Новиот шеф на македонската дипломатија, Бујар Османи, денеска изјави дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, утре ќе се појави во Хаг на сослушување во Специјалниот суд за воените злосторства во Косово.



„Претпочитам да не одговарам пред државни микрофони на партиски прашања, но еве кратко, тој е во својство на сведок“, рече Османи.