Од идниот месец почнува подготовка за нов закон согласно кој во пензија ќе мора задолжително да одат сите лица со навршени 64 години, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
Законот треба да почне да се применува од јануари наредната година, а според податоците кои ги добил од МИОА во моментов има околу 10.300 лица кои се на возраст над 64 години, а се уште се во работен однос.
„Вака ќе отвориме простор за младите и перспективни кадри кои навистина ќе може да движат напред. Законот е замислен да биде задолжително пензионирањето на 64 години, односно 62 години за жените флесибилно, освен за вработените во здравство лекари и медицински персонал и за високото образование“ рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.





